внесат
Вид збор: Глагол, свршен
Воведе нови содржини, нови елементи, нова карактеристика.
Примери:
Новата мода ја внесуваат кај нас прво жените.
воведат
Вид збор: Глагол, свршен
Упати, запознае со нешто.
Примери:
Го воведе во работата.
Воспостави, заведе некаква состојба.
Примери:
Воведе ред.
Внесе во документ, во програма и сл.
Примери:
Воведе податок.
запознаат
Вид збор: Глагол, свршен
Оствари, воспостави односи на познанство меѓу други лица; претстави некого некому.
Примери:
Вчера го запознав новиот директор на училиштето.
Даде податоци некому за некого или за нешто.
Примери:
Тој ги запозна гостите со најновите технички постигања.
(се запознае) Воспоставува познанство со некого.
Примери:
Во возот се запознав со една девојка.
именуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се именува) Се претставува себеси, го кажува своето име.
Примери:
Мислиш дека ми прилега името, Петре Прличко?
кажат
Вид збор: Глагол, свршен
(се каже) се претстави, се прикаже
Примери:
Луѓето се кажаа на разни имиња.
култивираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Воведе, воведува во употреба современи средства за работа.
Примери:
Работата во земјоделството сѐ повеќе се култивира.
посветат
Вид збор: Глагол, свршен
Упати некого во нешто тајно.
Примери:
Старецот ги посветил во својата тајна.
претстават
Вид збор: Глагол, свршен
Соопшти нечие име на формален начин; запознае со друг.
Примери:
Го претстави гостинот на пријателите.
(се претстави) Го каже своето име пред другите.
Примери:
Дозволете да ви се претставам.
(се претстави) Се појави пред публика, игра во претстава, филм, итн.
Примери:
Се претстави со најновата мелодија.
прикажат
Вид збор: Глагол, свршен
(се прикаже) Се претстави некому, открие кој е, што е.
Примери:
Му се прикажал кој е и од каде е и излегло дека се подалечни роднини.
смешаат
Вид збор: Глагол, свршен
Воведе во некој круг.
Примери:
Сакаше да ја смеша со професорите.